
Реал Мадрид е поблиску до пласман во четвртфиналето на Лигата на шампионите откако славеше на гости во Бергамо против Аталанта со 0-1. Стрелец на победничкиот гол беше левиот бек Ферлан Менди во 86.минута од мечот. Тој се одлучи на удар од дваесетина метри и успеа да ја погоди мрежата на Аталанта.
Италијанскиот тим најголем дел од мечот играше со фудбалер помалку поради исклучувањето на Ремо Фројлер во 17.минута од дуелот. Реваншот се игра во Мадрид по дваесет дена.
Манчестер Сити продолжи да победува и во Лигата на шампионите. Тимот на Пеп Гвардиола славеше со 0-2 на дуелот против Борусија Менхенгладбах што се одигра во Будимпешта. Бернардо Силва во 29.минута го отвори резултатот, а во вториот дел погоди и Габриел Хесус во 65.минута од мечот.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Интер се засили со Луис Енрике
