Австрискиот интернационалец Давид Алаба во јуни и дефинитивно ќе замине од Баерн Минхен, но има „лудо барање“ во преговорите со новиот клуб. Тој не сака да игра во одбраната, на позицијата лев бек или стопер, туку во средниот ред. Токму ваква улога Давид Алаба има во репрезентацијата на Австрија.
По ваквиот став на фудбалерот, „виси“ и неговиот начелен договор со Реал Мадрид за да пристигне на „Сантијаго Бернабеу“ како слободен агент во летниот преоден рок. „Кралскиот клуб“ во него гледа квалитетен фудбалер кој неколку сезони ќе биде носител на играта токму во одбраната.
За Давид Алаба постои интерес и од Јувентус, ПСЖ, Барселона, Манчестер Сити, но сите овие клубови многу повеќе би сакале да го имаат како одбранбен играч.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













