Францускиот стратег Тиери Анри одлучи да ја напушти тренерската позиција во Монтреал. Главна причина за напуштање на клубот од МЛС – лигата на САД е пандемијата на коронавирусот. Тој во ноември 2019 година го презеде кормилото на Монтреал, но во последниот период бил премногу одвоен од семејството.
„Со тешко срце ја донесов оваа одлука. Поради пандемијата на коронавирусот бев спречен да ги гледам моите деца, одвоеноста од семејството е единствената причина поради која ја напуштам тренерската позиција во Монтреал. Се надевам дека некогаш патиштата повторно ќе ни се сретнат, а овој клуб засекогаш ќе биде во моето срце“, изјави Тиери Анри.
Тој во 2020 година за првпат по 2016 година го одведе клубот во плејофот од МЛС-лигата на САД.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













