Италијанскиот првак Наполи доживеа елиминација на првиот чекор од нокаут фазата во Лигата на Европа. „Наполитанците“ славеа со 2-1 на стадионот „Диего Армандо Марадона“, но тоа не беше доволно за да се надомести негативата од 2-0 од првиот дуел. Елиф Елмас беше стартер и играше еден час, а потоа го замени Дрис Мертенс.
Арсенал со гол во финишот што го постигна Пјер Емерик Обамејанг ја совлада Бенфика со 3-2 и ја елиминира, откако дуелот во Португалија заврши 1-1.
Молде направи сензација и славеше со 0-2 на гости во Германија против Хофенхајм, а првиот меч заврши 3-3.
Глазгов Ренџерс со 5-2 го совлада Антверпен и обезбеди пласман понатаму, Шахтјор Доњецк со 1-0 славеше против Макаби Тел Авив, а Вилјареал со 2-1 го победи Салцбург.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













