Connect with us

Убава вест за „кралевите“: Серхио Рамос блиску до потпис на нов договор со Реал Мадрид

Капитенот Серхио Рамос сепак ќе остане во Реал Мадрид  и ќе потпише нов договор. Одличниот дефанзивец и претседателот на „кралскиот клуб“, Флорентино Перез, ги приближија ставовите и веќе извесно е потпишување на нов договор. 

Како што тврди „Марка“, договорот е многу блиску до потпишување и би требало да се случи во наредните три седмици. Преговорите сега директно меѓу фудбалерот и претседателот, без агенти и посредници. Перез инсистира да го задржи капитенот и смета дека во четири очи најбрзо ќе постигнат конечен договор.

Флорентино Перез и Серхио Рамос и покрај разидувањата за некои точки од договорот, секогаш имале одлични односи. Ако се оди според планот, Реал Мадрид планира да го објави новиот договор на Серхио Рамос непосредно пред неговото враќање на терените. Тој е повреден, а лекарскиот тим го подготвува да настапи на реванш мечот од Лигата на шампионите против Аталанта на 16.март.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови