Германскиот бундеслигаш Борусија Дортмунд на лето најверојатно ќе го продаде Ерлинг Халанд за да ги санира финансиските проблеми предизвикани од коронавирусот, а веќе ја пронајде неговата замена. „Милионерите“ сакаат да го вратат назад напаѓачот на Реал Сосиедад, Александер Исак, пренесува „Скај Германија“.
За Халанд се интересираат најголемите европски клубови и се очекува тој во летниот преоден рок да ја напушти Борисија Дортмунд, па раководството уште отсега го бара наследникот на норвешкото голгетерско чудо.
21-годишниот напаѓач Александер Исак, кој во минатото беше на „Сигнал Идуна Парк“, е одбраното решение за наследник на ѕвездата Ерлинг Халанд.
Исак оваа сезона има одиграно 29 меча во сите натпреварувања, на кои постигна 12 гола и две асистенции.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













