Connect with us

Руи Мота: Се надевам дека ќе ја елиминираме Шкендија, но нема да биде лесно

Бугарскиот шампион Лудогорец е ривалот на Шкендија во плејофот од Лигата на Европа. Тренерот Руи Мота, португалски стратег на клупата на Лудогорец, истакна дека Шкендија е квалитетна, но неговиот тим е подготвен за надигрување.

„За жал, нема да можеме да сметаме на Дуа, Андерсон и Камара, но сите останати се подготвени за утре. Успеавме да анализираме нивни натпревари. Минатата година игравме овде со мојот стручен штаб. Знаеме дека е многу тешко да се игра. Се надеваме дека ќе ја елиминираме Шкендија. На хартија мојот клуб е фаворит, но тоа мора да го докажеме на терен. Тие не се помалку мотивирани да го покажат најдоброто од себе. Сакаме да реализираме поголем дел од шансите, и токму на тоа работиме последната недела. Играчите се трудат. Ништо не се случува со едно кликнување со прстите. Не можеме да седиме и да се жалиме на многу натпревари. Нашата работа е да се опоравиме и да бидеме максимално подготвени“, изјави тренерот на Лудогорец.

Тој истакна дека Шкендија се разликува од тимовите со кои играл Лудогорец во досегашниот тек од сезоната.

„Шкендија се разликува од тимовите со кои игравме досега. Имаат поинаков систем и динамика. Системите се дел од играта. Не мислам дека систем може да ни создаде проблеми, туку клучна е динамиката. Имаме долга клупа. Ротираме играчи и секој е подготвен да почне на утрешниот меч“, истакна Руи Мота.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови