Македонскиот првак Шкендија остана без помошта на напаѓачот Фитон Адеми во дуелите против Лудогорец, во плејофот за Лигата на Европа. Напаѓачот ќе биде надвор од терените најмалку 10 дена поради повреда на зглобот на ногата што ја заработи на натпреварот изминатиот викенд.
Фитон Адеми се повреди на дуелот од второто коло во Првата лига на Македонија, на гостувањето против Македонија ЃП во Скопје, кое тетовци го добија со 1-3.
Адеми беше принуден да го напушти теренот по само 27 минути игра, откако заработи дисторзија на зглобот (прв степен). Претходно, во деветтата минута тој го постигна својот прв гол сезонава, носејќи водство од 0-1.
По лекарските прегледи е утврдено дека на напаѓачот ќе му бидат потребни околу 10 дена одмор, што значи дека ќе го пропушти утрешниот натпревар против Лудогорец во плејофот од Лига Европа, како и следниот првенствен дуел против Арсими.
												
																					- 
															
								
									
																	МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal 
- 
															
								
									
																	МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal 
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																							
																							
																							
																							
																							
																							
																							
																							
																							
																							












