Ќе остане ли Лионел Меси во Барселона и по завршувањето на сезоната или пак ќе го напушти „Камп Ноу“? Ова е главна тема во Каталонија, но и и сите светски спортски медиуми, а шпанскиот весник „Марка“ го носи новиот развој на настаните.
Според овој влијателен медиум, Лионел Меси е најблиску до останување во Барселона и по истекот на договорот. Тој го чека исходот од претседателските избори во клубот, но веќе не е преокупиран со заминувањето од Барселона, туку сака да се фокусира на добри игри со тимот.
„До пред неколку месеци пореална била опцијата да замине, но сега ситуацијата е променета“, пишува „Марка“.
Меси го сменил мислењето и поради огромниот број написи дека веќе имал контакти со ПСЖ и со Манчестер Сити.
„Меси е разочаран бидејќи ПСЖ наголемо води кампања дека ќе донесе во Париз. Тој никогаш немал официјален контакт со клубот. Неговиот татко во моментот нема никакви преговори со ниту еден тим“, истакнува „Марка“.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













