Најтрофејниот македонски клуб Вардар ќе претрпи промени ростерот пред крајот на преодниот рок. Фудбалерот за врска Данел Донгмо многу веројатно кариерата ќе ја продолжи во првенството на Романија.
Според романските медиуми, Камерунецот пристигнал во Плоешти и се очекува да ги мине лекарските прегледи и да потпише за Петролул.
Донгмо дојде во Вардар на почетокот на минатата сезона, играше стандардно, го освои Купот и одигра четири европски натпревари, но сепак одлучи да ја прифати понудата од Романија и ќе замине во Петролул.
Со оглед на тоа што со Вардар имаше договор до 2027 година, се очекува македонскиот клуб да добие сериозно обештетување за трансферот, а потоа веројатно и ќе ангажира нов играч на неговата позиција.
												
																					- 
															
								
									
																	МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal 
- 
															
								
									
																	МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal 
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																							
																							
																							
																							
																							
																							
																							
																							
																							
																							












