Германскиот бундеслигаш Шалке 04 направи радикален потег по вчерашниот дебакл против Штутгарт (5-1). Отказ добија спортскиот директор Јохан Шнајдер, тим-менаџерот Саша Ритер, тренерот Кристијан Грос, како и кондицискиот тренер Вернер Лотард. Образложението е дека тимот игра очајно, а вината за тоа сносат сите.
Шалке е закован на дното на табелата во Бундес-лигата, има само девет бода по 23 кола и речиси невозможна мисија за опстанок.
Шалке дури четирипати менуваше тренер оваа сезона, а допрва ќе се бара петтото решение за клупата.
Advertisement
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Advertisement
Advertisement













