Англискиот првак Ливерпул нема големи дилеми околу прашањето кој би можел да го замени менаџерот Јирген Клоп, за кого се најавува дека ќе го преземе кормилото на фудбалската репрезентација на Германија по Светското првенство во Катар. Клупската икона Стивен Џерард, кој покажува одлични менаџерски способности во Глазгов Ренџерс, тогаш на голема врата би се врати на „Енфилд Роуд“.
Ливерпул оваа сезона игра под очекувањата, па се доведува и во прашање работата на Јирген Клоп. Германскиот весник „Билд“ најави дека Клоп е речиси сигурен избор за нов селектор на Германија откако ќе замине Јоаким Лев. Тогаш Џерард ќе седне на клупата на Ливерпул.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













