Актуелниот европски и светски клупски првак Баерн Минхен и десеткуван од коронавирусот е многу силен за Лацио. Тимот на Ханси Флик славеше со 1-4 на гостувањето на „Олимпико“ во Рим и практично ја заврши работата околу пласманот во четвртфиналето од Лигата на шампионите иако претстои и реванш во Минхен.
Роберт Левандовски во деветтата минута искористи грешка на домашната одбрана и стана трет најдобар стрелец во историјата на ЛШ, а Џамал Мусијала во 24.минута зголеми на 0-2 и стана најмлад Англичанец кој стрелал во елитното европско натпреварување.
Лирој Сане до крајот на првиот дел постигна трет гол за Баерн Минхен, а Ачерби на стартот на второто полувреме си постигна автогол. Единствениот гол за Лацио беше дело на Хоакин Кореа во 49.минута од дуелот.
Челси оствари триумф (0-1) против Атлетико Мадрид на дуелот кој се одигра во Букурешт. Стрелец на победничкиот гол за англискиот премиерлигаш беше Оливие Жиру, на прекрасен начин, со удар со ножички во 68.минута од натпреварот.
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Хомогеноста на Шпанија против непредвидливите Германци
Осум селекции сѐ уште остануваат, но сите дваесет и четири нации придонесоа за успехот...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Време е за ново „правило“: Ако не минеш две кола во Европа, следните три години „не смееш“ да играш!
Македонските фудбалски туристи се прошетаа низ Европа, добро, низ споредните државички кои се далеку...
Автор Nikola Gjurovski