
Арсенал го победи Атлетик Билбао со 3-0 во пријателски натпревар на „Емирати“, а дебитантскиот гол го постигна Виктор Ѓокереш. По мечот, менаџерот на „топџиите“ Микел Артета не штедеше пофалби за Швеѓанецот, истакнувајќи дека сè што прави е „инстинктивно“.
„Сè што прави е по инстинкт. Токму затоа постигна толку многу голови во последните сезони. Големината е во головите, важно е како ја загрозува одбраната на противникот. Тој ги привлекува централните дефанзивци, а ако му оставиш простор во дуел ‘еден на еден’, ќе те уништи“, рече шпанскиот стручњак.
Каи Хаверц, кој минатата сезона играше на врвот на нападот на лондонскиот тим, исто така постигна гол, што го воодушеви Артета.
„Можат да играат заедно, Каи може да настапува и на други позиции. Тие го подигнуваат квалитетот на тимот и ја зголемуваат изборната понуда за стручниот штаб. Прекрасно е да ги гледам како двајцата постигнуваат голови и тоа е пријатен ‘проблем’ за мене“, додаде тој.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Почна новата сезона во Првата фудбалска лига, а фаворитите веднаш се наметнаа со убедливи...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Димитар Данев (Вардар)
Вардар убедливо го совлада Пелистер (4-1) во вечното дерби, а неверојатно првенствено деби за...
Автор makfudbal