Connect with us

Летното откритие на Реал потпиша до 2030 година

Реал Мадрид официјално потврди дека го продолжи договорот на 21-годишниот напаѓач Гонзало Гарсија до 30 јуни 2030 година. Според медиумите, откупната клаузула во новиот договор е зголемена на неверојатни една милијарда евра.

Гарсија се приклучи на младинската академија на „кралскиот клуб“ во 2014 година и помина десет сезони во неа, а последните две ги мина настапувајќи за вториот тим на Реал Мадрид.

Во ноември 2023 година го имаше своето деби за сениорската екипа, а сега официјално ќе биде дел од првиот тим.

Младиот напаѓач се истакна на Светското клупско првенство, каде постигна четири гола и стана најдобар стрелец на турнирот.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови