
Освојувачот на Купот на Македонија, Вардар, денеска соопшти дека легендата на клубот и македонскиот фудбал, Андон Дончевски, е назначен за почесен претседател на клубот.
„На редовната седница на Одборот на директори на АД ФК Вардар, одржана вчера, едногласно беше усвоен предлогот на неизвршниот директор Мартин Гелев, легендата на македонскиот фудбал и на Вардар, Андон Дончевски, да биде прогласен за почесен претседаател на клубот“, стои во соопштението.
Андон Дончевски со години го носеше дресот на Вардар, а беше и прв селектор на македонската фудбалска репрезентација.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Почна новата сезона во Првата фудбалска лига, а фаворитите веднаш се наметнаа со убедливи...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Димитар Данев (Вардар)
Вардар убедливо го совлада Пелистер (4-1) во вечното дерби, а неверојатно првенствено деби за...
Автор makfudbal