
Македонскиот првак Шкендија вечерва (19.30 часот) на Националната арена во Букурешт го игра реванш натпреварот против ФЦСБ во второто квалификациско коло од Лигата на шампионите. Предноста од еден гол (1-0) од првиот меч во Скопје, ќе се брани со активен пристап.
Голманот Бабукар Гаје блескаше на првиот дуел и ја сочува мрежата мирна, а се надева дека Шкендија и вечерва ќе одигра совршен меч.
„Ќе биде многу тежок натпревар, но природно е што имаме самодоверба во себе, токму затоа и дојдовме тука. Секако дека имаме почит кон противникот, но ќе дадеме сè од себе и ќе излеземе на терен со цел да го оствариме резултатот кој ќе ни овозможи по натпреварот да го напуштиме теренот со насмевка.“
„Секако дека секој тим влегува во игра за да победи и не можам да замислам да влезам на терен со намера да не победам. Токму затоа фудбалот е интересен – секунда невнимание, една грешка може да донесе гол или да се прими гол. Поради тоа мора да функционираме како тим, да дадеме максимум на теренот и да бидеме 100% присутни за на крајот да го оствариме посакуваниот резултат“, изјави новиот голман на Шкендија.
ФЦСБ ќе има огромна поддршка од публиката. Повеќе од 30.000 фанови се очекуваат на трибините на Националната арена во Букурешт.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Подемот на Вардар доби и европски печат
Вардар е моќен. Паролата не е само за на автобус, многу поважно е што...
Автор Nikola Gjurovski