
Арсими го претстави своето најново засилување за претстојната сезона – нигерискиот напаѓач Сикиру Оканлавон Олатунбосун, кој ќе биде новата офанзивна опција во тимот.
27-годишниот Олатунбосун е играч со значајно меѓународно искуство. Својата кариера ја започна во нигерискиот МФМ ФК, а подоцна се афирмираше и на меѓународната сцена, играјќи за неколку клубови во Турција, меѓу кои Анкарасспор, Менеменспор и Тузласпор. Има и еден ангажман во Египет, каде што го носеше дресот на Смоуха СК.
Домашната публика веќе имаше можност да го следи неговиот настап во Првата лига, бидејќи минатата сезона беше дел од Воска Спорт. Станува збор за брз и технички поткован офанзивец, кој најчесто дејствува по крилните позиции.
Со неговото приклучување, Арсими го засилува напаѓачкиот ред пред историскиот настап во Првата македонска фудбалска лига, со цел да се изгради конкурентен тим за дебитантската сезона.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Подемот на Вардар доби и европски печат
Вардар е моќен. Паролата не е само за на автобус, многу поважно е што...
Автор Nikola Gjurovski

Прва лига
Стефан Лазаревиќ замина од Работнички
