
Тажна вест ја потресе македонската фудбалска јавност – младиот талент на ФК Охрид, Анастас Каровски, трагично го загуби животот на само 16 години.
Фудбалскиот клуб Охрид преку социјалните мрежи се прости од својот млад играч од генерацијата 2009, искажувајќи болка и жалење за прерано згаснатиот живот. Иако официјални информации од клубот недостасуваат, неофицијално се потврдува дека Анастас е жртвата во трагичната сообраќајна несреќа која се случила на патот Охрид – Свети Наум.
Според информациите на МВР, несреќата се случила на 17 јули 2025 година, околу 01:40 часот, на делницата меѓу населбата Рача и стариот влез кон хотелот „Парк“. Мопед управуван од 16-годишен охриѓанец излетал од коловозот и удрил во метален столб. Возачот, кој подоцна починал во охридската болница од здобиените повреди, е токму младиот Анастас Каровски. Сопатникот на мопедот, исто така 16-годишник, е хоспитализиран со тешки телесни повреди во болницата „Св. Еразмо“.
На местото на трагедијата бил извршен увид од страна на полицијата со овластување на јавен обвинител.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Силекс имаат максимален ефект по четири кола, Вардар очекувано го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум најави дека ќе се врати посилна оваа сезона и засега тој...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Наполи го пријави Елмас за ЛШ, но не и Лукаку

Интернационалци
Бојан Димоски потпиша за ТСЦ

Евро-фудбал
Фенербахче сака да го купи Адемола Лукман

Интернационалци
Дарко Чурлинов и официјално е нов член на Кочаелиспор
