Connect with us

Реал имаше неочекувани проблеми пред дуелот со ПСЖ на Светското клупско првенство

Пари Сен Жермен и Реал Мадрид вечерва ќе се борат за место во финалето на Светското клупско првенство. Средбата ќе се игра на стадионот „МетЛајф“ во Ист Ратерфорд, со почеток во 21 часот. Победникот од ова полуфинале ќе се соочи со Челси, кој во првото полуфинале го совлада Флуминензе.

Шпанскиот гигант имаше компликувано патување до Њујорк – летот од Мајами каснеше еден час поради лошо време, а дополнително задоцнување настана поради гужви на пистата, што го натера авионот да кружи над Вирџинија уште еден час. По пристигнувањето во Њуарк, „кралевите“ ја откажаа најавената прес-конференција на тренерот Чаби Алонсо.

Францускиот шампион ПСЖ, пак, пристигна навреме во САД и веќе го одржа својот последен тренинг на спортските терени на Универзитетот „Ратгерс“.

И двата тима ќе настапат ослабени. Парижаните ќе бидат без суспендираните стопери Вилијам Пачо и Лукас Хернандез, кои добија директни црвени картони во завршницата на четвртфиналниот трилер против Баерн Минхен.


Кај Реал Мадрид ќе отсуствува дефанзивецот Дин Хујсен, кој заработи исклучување против Борусија Дортмунд по направен прекршок за пенал. Тој е казнет со еден натпревар и ќе може да се врати доколку тимот избори финале.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови