Connect with us

УЕФА ја одби жалбата на „кралевите“, казните ќе мораат да се платат

УЕФА ја одби жалбата на Реал Мадрид во врска со глобите изречени за Антонио Рудигер, Килијан Мбапе и Дани Себалјос поради нивното однесување на натпреварот од Лигата на шампионите против Атлетико Мадрид. Потврдена е и паричната казна од 15.000 евра заради однесувањето на дел од навивачите на „кралскиот клуб“ за време на натпреварот со Арсенал.

Во април, европската фудбалска централа изрече глоби на тројцата играчи поради нивното однесување на реваншот од осминафиналето, кој Реал го доби по изведување пенали.


Рудигер и Мбапе добија и условни суспензии од по еден натпревар во период од една година. Мбапе тогаш доби жолт картон откако ја зеде топката од Маркос Љоренте, кој се обиде да го сопре Рудигер пред клучниот пенал. По реализацијата на пеналот, Рудигер направи провокативен гест – исплези јазик, ги ококори очите и покажа со раката низ грлото, симулирајќи сечење.

За тие постапки: Антонио Рудигер доби казна од 40.000 евра, Килијан Мбапе – 30.000 евра, Дани Себалјос – 20.000 евра.

Исто така, потврдена е и казната од 15.000 евра за Реал Мадрид поради расистичко однесување на дел од нивните навивачи за време на четвртфиналниот натпревар против Арсенал во Лондон. Доколку се повтори сличен инцидент, клубот ќе се соочи со забрана за продажба на билети за следниот гостински натпревар во европските натпреварувања.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови