
Арсенал е многу блиску до финализирање на трансферот на шведскиот напаѓач Виктор Ѓокереш. За таа цел, спортскиот директор на лондонскиот клуб, Андреа Берта, отпатувал во Лисабон за да одржи директни разговори со раководството на Спортинг. Според англиските медиуми, Италијанецот бил во Португалија кон крајот на минатата недела, се вратил во Велика Британија, но сега повторно е на Иберискиот Полуостров со цел да ја заврши зделката.
Ѓокереш веќе се договори со Арсенал за петгодишен договор со неделна плата од 200.000 фунти. Според англиските медиуми, Арсенал досега понудил 65 милиони евра плус дополнителни 15 милиони во форма на бонуси, додека Спортинг бара структура од 70 милиони, плус 10 милиони. Разликата е минимална и се очекува многу брзо двете страни да постигнат целосен договор.
Португалскиот весник „Рекорд“ објави пред неколку дена дека самиот фудбалер се откажал од 2 милиони евра кои требал да ги добие од Спортинг, со цел да го олесни својот трансфер на „Емирати“.
Арсенал веќе ги финализираше трансферите на голманот Кепа Аризабалага и играчот од средниот ред Мартин Зубименди, а Ѓокереш би можел да биде третото ново засилување за тимот на Микел Артета. „Топчиите“ имаат договор и со Кристијан Нергор од Брентфорд, но тој трансфер сè уште не е официјално потврден.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Арсими дојде во Тетово и ја сопре Шкендија, а Силекс и Струга ТЛ се...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Филип Алексовски (Башкими)
Башкими е веројатно најпријатното изненадување на стартот на сезоната во Првата лига. Новиот прволигаш...
Автор makfudbal

Млади репрезентации
Дојде потврда од УЕФА: Македонија У21 ќе ја пречека Италија во Битола

Прва лига
Работнички и Бојан Маркоски се разделија
