Европскиот првак Пари Сен Жермен го совлада Баерн Минхен со 2-0 и се пласира во полуфиналето на Светското клупско првенство. Мечот падна во сенка на хорорната повреда на Џамал Мусијала, кој во финишот на првото полувреме се здоби со скршеница на ногата, по еден дуел со голманот Џанлуиџи Донарума.

Тоа го „пресече“ Баерн, кој во вториот дел не одигра на ниво.
Дезире Дуе беше стрелец на водечкиот гол за ПСЖ во 78.минута од мечот. Во судиското продолжение, Осман Дембеле го постави конечниот епилог (2-0), иако ПСЖ од 83.минута играше со фудбалер помалку поради исклучувањето на Вилијам Пачо. Во 92.минута беше исклучен и Лукас Хернандез.
Во десеттата минута од судиското продолжение беше досуден пенал за Баерн, но Ентони Тејлор ја отповика својата одлука по прегледување на ВАР снимката.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Интернационалци
Дориев стрелец и асистент во триумфот на Согдиана (ВИДЕО)













