
Во вечер полна со емоции, тензија и фудбалска страст, Челси успеа да го скрши отпорот на Палмеирас и да избори место меѓу најдобрите четири на Светското клупско првенство. Во срцето на Филаделфија, лондонскиот тим славеше со 2-1 во меч што ги држеше гледачите без здив до последниот свиреж.
Сè почна идеално за избраниците на Енцо Мареска. Во 16. минута, младиот волшебник Кол Палмер уште еднаш потврди зошто е иднината на англискиот фудбал. Со ладнокрвен удар од работ на шеснаесетникот ја затресе мрежата на Веверсон и го отвори мечот на најдобар можен начин.
Но Палмеирас не се предаде лесно. Во второто полувреме, се вратија посилни, поодлучни, и токму тогаш блесна ѕвездата што допрва ќе свети на „Стемфорд Бриџ“ – Естевао. Во 53. минута, со потег од „фудбалски учебник“, го изненади голманот Санчез и го врати бразилскиот шампион во игра. Симболично – гол против идниот клуб, потсетник дека фудбалот е полн со необични пресврти.
И кога се чинеше дека мечот ќе оди кон продолженија, сценариото го напиша самиот фудбал. Во 83. минута, Мало Густо нафрли ниско, топката се одби од еден дефанзивец, па несреќно и од Веверсон – автогол и 2-1 за Челси! Ерупција на радост меѓу фановите, а на теренот – олицетворение на борба до последната секунда.
Палмеирас имаше обид за реакција, но повеќе немаше време. Дури и кога Мадуеке ја погоди стативата, а Жоао Педро натера Веверсон на нова интервенција, резултатот остана ист.
Челзи оди понатаму, а во полуфиналето го чека ново бразилско искушение – Флуминенсе.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Подемот на Вардар доби и европски печат
Вардар е моќен. Паролата не е само за на автобус, многу поважно е што...
Автор Nikola Gjurovski

Втора лига
Тетекс доведе четири нови засилувања

Евро-фудбал
Томас Милер ќе игра за Ванкувер во МЛС – лигата

Прва лига
Стефан Лазаревиќ замина од Работнички
