Поранешниот фудбалер на Арсенал, Томас Парти, е официјално обвинет од Метрополитенската полиција во Лондон за пет дела на силување и едно за сексуален напад.
Обвиненијата се однесуваат на три различни жени – две точки за силување се поврзани со една жена, три со втора, а сексуалниот напад со трета. Случаите, според наводите, се случиле во периодот од 2021 до 2022 година.
Парти (32), кој неодамна го напушти Арсенал по истекот на договорот, ќе се појави пред Судот во Вестминстер на 5 август.
Кралската обвинителска служба соопшти:
„По разгледување на доставениот доказен материјал, дадено е одобрение за поднесување обвинение.“
Полицијата од Лондон официјално го повика Томас Парти да одговара за обвиненијата – пет за силување и едно за сексуален напад
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













