
Македонскиот интернационалец Марко Ѓорѓиевски блесна во дресот на својот нов клуб, романскиот Клуж, постигнувајќи и втор гол на контролните натпревари. Ѓорѓиевски започна како стартер во пријателскиот дуел против чешкиот тим Чешке Будејовице, а веќе во 19. минута го отвори резултатот и го донесе водството од 1-0 за романскиот тим.
Клуж на крајот забележа убедлива победа со 3-0, а настапот на Ѓорѓиевски сигурно ќе му даде дополнителна самодоверба на стартот од неговата романска авантура.
Марко Ѓорѓиевски летово се пресели од Силекс во романскиот Клуж, откако минатата сезона ја заврши како најдобар стрелец во Првата македонска фудбалска лига (ПМФЛ), заедно со Бесарт Ибраими од Шкендија.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум го задржа врвот на табелата по деветтото коло откако одигра 2-2...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бобан Грнчаров (Македонија ЃП)
Македонија ЃП оствари убедлив триумф над Арсими (4-1) и се придвижи кон средишниот дел...
Автор makfudbal
