Connect with us

Реал Мадрид до победа и со играч помалку – Пачука немоќна (ВИДЕО)

Реал Мадрид не дозволи нова грешка на Светското клупско првенство во САД. Во второто коло од групата Х, „кралскиот клуб“ со убедливи 3-1 ја совлада мексиканската Пачука и по почетното реми со Ал-Хилал конечно стигна до првата победа на турнирот.

Тимот на Карло Анчелоти уште од стартот се најде во тешка позиција – само по седум минути игра остана со човек помалку. Младиот дефанзивец Раул Асенсио направи груба грешка. Со несоодветен фаул над искусниот Саломон Рондон како последен играч, директно заработи црвен картон и го остави својот тим на цедило.

Но, Реал Мадрид не покажа знаци на паника. Напротив. Во 35. минута Џуд Белингам направи шоу – фантастична соло акција и прецизен удар за водство од 1-0. До крајот на полувремето, уште една брилијантна акција – овојпат во тимски ритам, ја круниса Арда Ѓулер со погодок за 2-0.

Во второто полувреме „кралевите“ влегоа со план да ја задржат предноста и да го контролираат ритамот. Во 70. минута, уште една одлична колективна акција и точка на мечот стави Феде Валверде со гол за 3-0. Единствено што успеа Пачука беше да го ублажи поразот преку Монтиел во 80. минута.

Со оваа победа, Реал се врати на победнички патеки и во следното коло ќе се соочи со австриски Салцбург. Пачука, пак, ќе ја брка првата победа против Ал-Хилал.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови