Баерн Минхен активно работи на засилувања ова лето, а фокусот е насочен кон крилната позиција, особено со оглед на тоа што Лирој Сане замина од клубот.
Како замена, Баварците ги разгледуваат опциите во Ливерпул. Една од главните мети е Коди Гакпо – играч кој одамна го следат, уште пред неговиот трансфер на „Енфилд“. Доколку Ливерпул одлучи да го пушти, ова би можела да биде вистинска можност за германскиот гигант.
Алтернатива на Гакпо е Луис Дијаз. Колумбиецот има слична пазарна вредност, но се смета за пореално решение, бидејќи Ливерпул би бил поотворен за негова продажба.
Покрај интересот за играчи од Премиер – лигата, Баерн не се откажува ниту од шпанскиот репрезентативец Нико Вилијамс. Претходно го одби клубот, но Баварците сега понудија нов, значително подобрен договор, кој вклучува плата до 12 милиони евра годишно со вклучени бонуси.
Останува да се види дали некој од овие играчи ќе го засили Баерн и ќе го пополни просторот кој го остави Лирој Сане.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













