По речиси четвртина век чекање, Реал Овиедо конечно се враќа во Ла Лига! Тимот од Астурија избори промоција по неверојатна фудбалска драма и победа од 3-1 по продолженија против Мирандес, со што го доби плејоф-финалето и испиша историја пред својата публика.
Мечот започна шокантно за домаќините – Хоакин Паничели ја замолкна публиката со гол за Мирандес уште во 16. минута. Сепак, надежта се врати пред паузата – легендарниот Санти Касорла, на 40 години, храбро ја презеде одговорноста и реализираше пенал за израмнување, 1-1!
Во вториот дел, Илиас Шаира донесе нова еуфорија со погодокот за 2-1 во 52. минута, резултат со кој се одеше во продолженија, бидејќи Мирандес победи со 1-0 на првиот натпревар.
А во екстра-времето – јунакот се викаше Франсиско Портиљо! Неговиот гол во 113. минута значеше остварување на сонот за генерации навивачи – Овиедо е назад меѓу најдобрите!
До крајот натпреварот не мина без тензии – црвени картони добија Давид Костас од Овиедо и Унаи Егилус од Мирандес, но ништо не можеше да ја засени еуфоријата на трибините.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













