Connect with us

Флуминенсе го оддува Улсан, Ривер Плата наиде на мексикански ѕид

Бразилските тимови продолжуваат да доминираат на Светското клупско првенство, а најнов пример за тоа е импресивниот настап на Флуминенсе, кој славеше со 4-2 против Улсан Хјундаи од Јужна Кореја, и тоа по спектакуларен пресврт.

Сѐ започна одлично за Флуминенсе, кој поведе со фантастичен гол од слободен удар на Хуан Аријас во 27. минута. Сепак, Корејците возвратија жестоко – со два брзи гола го свртеа резултатот и на полувреме заминаа со водство од 2-1.

Но, второто полувреме беше целосно во знакот на Флуминенсе. Бразилскиот шампион ја вклучи втората брзина и со три гола во низа го запечати триумфот со крајни 4-2, потврдувајќи дека е еден од главните фаворити на турнирот.

Ривер Плата застана пред мексикански ѕид – без голови против Монтереј

Иако влезе како фаворит, Ривер Плата не успеа да го скрши отпорот на цврстиот Монтереј – натпреварот заврши 0-0, а аргентинскиот гигант ја пропушти шансата да го обезбеди пласманот во осминафиналето по само две кола.

Најголем херој за Мексиканците беше ветеранот Серхио Рамос, кој со своето искуство ја стабилизираше одбраната. Дури 18 обиди кон голот не беа доволни за Ривер да најде пат до мрежата, и покрај теренската иницијатива.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови