Баерн Минхен ја запиша и втората победа на Светското клупско првенство, совладувајќи го аргентинскиот гигант Бока Јуниорс со 2-1 во второто коло, со што го обезбеди пласманот во осминафиналето.
Мечот започна одлично за европскиот гигант, Хари Кејн уште во 18. минута го отвори резултатот и донесе водство за германскиот тим. Бока не се предаде, па преку Мигуел Мрентел успеа да израмни во второто полувреме, враќајќи надеж кај аргентинската публика.
Сепак, квалитетот на Баерн дојде до израз во финишот. Во 84. минута, Кејн со прецизна асистенција го пронајде Олисе, кој ја затресе мрежата и донесе нови три бода за Баварците.
По две кола, Баерн е прв во групата со максимални шест бодови, Бенфика е втора со четири, Бока има само еден бод, а Оукленд останува закован на дното без ниту еден освоен поен.
Во другиот меч одигран ноќеска, тунискиот Есперанс славеше со 1-0 над Лос Анџелес. Херој на натпреварот беше Јусеф Белаили, кој во 71. минута ја смести топката во мрежата и ги задржа надежите на африканскиот тим за пласман во следната фаза.
Во последното коло, Есперанс ќе има тешка задача – мора да го победи Челси доколку сака да го продолжи својот пат на клупскиот Мундијал.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













