Францускиот дефанзивец на Реал Мадрид, Ферлан Менди, ќе биде надвор од терените до октомври, пренесува шпанскиот весник „Марка“.
30-годишниот Менди и понатаму се соочува со постојани физички проблеми, а во клубот веќе се размислува за негова можна продажба, доколку се донесе соодветна замена во летниот преоден рок.
Менди ja скинa тетивата за време на финалето од Купот на Шпанија во април, поради што се очекуваше да паузира неколку недели. Сепак, закрепнувањето се оддолжи и дефанзивецот нема да биде достапен барем до есен.
Во сезоната 2024/25, Французинот одигра 14 натпревари во Ла Лига, без постигнат гол, со една асистенција и еден жолт картон на 1106 минути. Серијата повреди што ги имаше претходната сезона, вклучувајќи паузи во декември и март, значително го забавија неговиот ритам и влијаеја врз неговиот статус во тимот.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













