Connect with us

Реал не успеа да победи на дебито на Чаби Алонсо, Валверде промаши пенал (ВИДЕО)

Реал Мадрид не успеа да ја оправда улогата на фаворит на премиерниот натпревар од групата „Х“ на Светското клупско првенство, откако одигра само 1-1 против саудискиот Ал-Хилал во Мајами. Под водство на новиот тренер Чаби Алонсо, „кралевите“ ја контролираа играта и создадоа повеќе шанси, но тимот од Ријад успеа да издржи и да освои вреден бод.

Натпреварот понуди многу возбудувања, а најдраматичниот момент се случи во самиот финиш. Во 92. минута Реал доби пенал и можност да стигне до победа, но ударот на Федерико Валверде го одбрани одличниот Јасин Боно, кој беше херојот на вечерта за Ал-Хилал.

Младата надеж на Реал, Гонзало Гарсија, го отвори резултатот во 34. минута по прецизна асистенција на Родриго, но радоста траеше кратко. Веќе во 41. минута, Рубен Невеш беше прецизен од белата точка и го изедначи резултатот.

Во второто полувреме, Чаби Алонсо направи неколку измени, вклучувајќи ги и деби настапите на новите засилувања Дин Хујсен и Трент Александер-Арнолд, но тимот не успеа да ја врати предноста. Шпанците ќе мора да го бараат првиот триумф во следното коло против мексиканската Пачука.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови