Македонските клубови ги дознаа потенцијалните ривали за второто квалификациско коло во Конференциската лига на УЕФА, но пред тоа мора да ги минат првите пречки.
Вардар, најтрофејниот македонски клуб, како можен противник го доби Лозана од Швајцарија. Сепак, „црвено-црните“ најпрво мора да ја елиминираат Ла Фиорита од Сан Марино, со кого ќе ги одиграат двомечите во првото коло.

Силекс, доколку го победи Дечиќ (Црна Гора), ќе се соочи со силниот австриски клуб Рапид Виена – еден од фаворитите во квалификациите.
Работнички, пак, ако успее да го елиминира Торпедо-Белаз од Белорусија, ќе има вистински европски предизвик во вид на Макаби Хаифа од Израел, редовен учесник во групни фази на европски натпреварувања.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













