Македонскиот прволигаш Пелистер се раздели со досегашниот шеф на стручниот штаб Срѓан Захариевски. Битолскиот клуб најави дека брзо ќе биде именуван неговиот наследник.
“ФК Пелистер врти нов лист во својата иднина и тој нов почеток ќе го означи со нов шеф на стручниот штаб. Клубот спогодбено го раскина договорот со тренерот Срѓан Захариевски и наскоро ќе го именува неговиот наследник.
Захариевски дојде во ФК Пелистер во зимата 2024 година и ја водеше екипата во вториот дел од шампионатот на Македонија 2024/25. Под негово водство нашиот клуб заврши на шестото место во табелата. Клубот му се заблагодарува за професионалноста и стручноста и му посакува успех во понатамошната кариера.
Клубот во најкраток временски период ќе го назначи новиот тренер и неговиот стручен штаб, но и новиот управен одбор и раководечки тим на клубот”, се вели во соопштението на Пелистер.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













