Македонскиот прволигаш Работнички продолжува со својата стратегија на ангажман на најталентираните македонски фудбалери. Во таа насока е и ангажманот на големите таленти, тинејџерите Лорент Жаку и Дитмир Хоџа.

Тие денеска потпишаа тригодишни професионални договори со ФК Работнички и беа промовирани како нови првотимци.

Работнички излезе како победник во трката по младите Лорент Жаку и Дитмир Хоџа, за кои се интересираа и поголем дел од македонските прволигаши, пред сѐ Струга Трим Лум и Шкендија.
Лорент Жаку е играч за врска, додека Дитмир Хоџа игра во нападот. И двајцата се младински репрезентативци на Македонија.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













