Connect with us

Виктор Треневски ќе биде тренер на црногорски третолигаш

Поранешниот македонски репрезентативец Виктор Треневски е назначен за нов предводник на третолигашот Балкан Иглс од Тузи, еден од најмладите фудбалски клубови во Црна Гора.

Ова е негово трето враќање во фудбалската средина на Тузи, каде претходно двапати го водеше тимот на Дечиќ. Треневски, кој добро ја познава оваа заедница, повторно добива можност да се докаже во улога на тренер.

„Треневски е личност која ја разбира нашата средина и има длабока поврзаност со заедницата. Не го гледаме само како тренер, туку и како човек со визија – некој што сака да изгради нешто вистински вредно со љубителите на фудбалот во Тузи“, соопштија од клубот.

Како фудбалер, Треневски настапуваше за екипите на Будуќност, Партизан и македонската репрезентација, за која има 17 настапи. Неговата тренерска кариера опфаќа ангажмани во Црна Гора, Словенија и Македонија, каде ги предводеше тимовите на Дечиќ, Ком, Грбаљ и Работнички.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови