
Српскиот гигант Партизан е заинтересиран за младинскиот репрезентативец и член на Вардар Михаил Талевски. Момчето што му го донесе Купот на Вардар, го привлече вниманието на балканските „големци“. Партизан делува најзаинтересирано, а наводно испратиле и понуда која во моментов сепак не е доволна за Вардар да се согласи да го продаде.
Најтрофејниот македонски клуб го очекува настапот во квалификациите за Конференциската лига, а следната сезона ќе атакува и на двојна круна. Михаил Талевски е еден од најталентираните македонски фудбалери, а Партизан веројатно ќе треба да ја зголеми сумата доколку сака да го обезбеди неговиот потпис.
Вардарци на 13 јуни заминуваат на подготовки во Словенија.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Арсими дојде во Тетово и ја сопре Шкендија, а Силекс и Струга ТЛ се...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Филип Алексовски (Башкими)
Башкими е веројатно најпријатното изненадување на стартот на сезоната во Првата лига. Новиот прволигаш...
Автор makfudbal
