Фудбалската репрезентација на Македонија оствари минимален, но многу важен триумф (0-1) против Казахстан во четвртиот меч од квалификациите за Светското првенство во САД 2026. Од Астана, сега Македонија како лидер во групата со осум бода, може подобро да го види и Мундијалот.

Аце, аце, ај што си убав….Оваа песна е денеска македонски хит во Астана. Во 33.минута, Аце Трајковски зафати волеј во стилот на Марко ван Бастен и погоди во спротивниот агол од голот на Казахстан.
Воопшто не беше лесно, напротив, имавме и спортска среќа и сојузник во стативите, но оваа Македонија покажа дека е кадарна за големи дела. И да, сега веќе размислуваме сериозно за она што го кажа Елиф Елмас, дека време е сонот за Светско да стане реалност!
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













