
Фудбалската репрезентација на Македонија е пред нов предизвик. По ремито со фаворитот Белгија (1-1) во Скопје, денеска ќе излезе на мегдан против Казахстан. Јасно е, само победа е во мислите на селекторот Милевски и фудбалерите. Затоа што само со нови три бода од Астана, Македонија ќе го верификува добриот резултат и против Белгија.
Нема дилеми, квалитетот е на наша страна, но тоа ќе мора да се покаже и на терен. Вештачката подлога ќе даде дополнителмо забрзување на топката, а тоа за мајстори како Елмас, Барди, Миовски, Алиоски, може да биде и предност, иако домаќинот Казахстан секако подобро ги познава условите.

Секако, не може и без проблеми. Селекторот Благоја Милевски поради жолти картони нема да биде на клупата, а неговите идеи ќе ги спроведат Роберт Стојановски и Влатко Грозданоски.
„Веруваме во нашите идеи, и секако ќе се прилагодиме на условите што ги нуди Астана Арена. Казахстан воопшто не е наивен противник, сакаат да играат фудбал и сигурно дека нема лесно да се предадат. Но, ние знаеме што сакаме, трите бода се наша цел и ќе се обидеме да ги освоиме“, изјави Роберт Стојановски.
Ќе го немаме и Бојан Илиевски, кој стапна на „лудиот камен“, беше ослободен од обврските за овој меч на националниот тим. Има и повреди, но ќе мора да се најде добитната комбинација за да се стигне до победа.
Мечот меѓу Казахстан и Македонија се игра од 16 часот по македонско време на „Астана Арена“.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Кристијан Киву е нов тренер на Интер

Евро-фудбал
Хојлунд нема намера да го напушти „Олд Трафорд“
