Сите заедно сме Македонија. Новото раководство на Фудбалската федерација на Македонија е составено од поранешни истакнати фудбалски асови и добро знае дека поддршката е добредојдена пред секој натпревар. Претседателот Масар Омерагиќ, заедно со легендите Илија Најдоски, Горан Пандев и Агим Ибраими, се присутни со националниот тим и во Астана, давајќи ја неопходната поддршка на психолошки план за фудбалерите.
Македонија денеска (16 часот) игра важен квалификациски меч на „Астана Арена“ протов Казахстан, а заедништвото треба да биде еден од нашите главни адути. Како што напомена и селекторот Благоја Милевски, Македонија секогаш го покажува максимумот како тим.
Веруваме дека и денеска ќе продолжи позитивната низа и дека Македонија ќе слави триумф.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













