
Во духот на поддршката и развојот на спортот, особено фудбалот, денес во Општина Гази Баба беше реализиран значаен чекор преку заедничка акција на Општинскиот фудбалски сојуз (ОФС) Гази Баба и Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ), со поддршка од претседателот Масар Омерагиќ.
Како дел од долгорочната стратегија за развој на младинскиот спорт и спортската инфраструктура, сите фудбалски клубови кои се дел од ОФС Гази Баба добија комплетна спортска опрема преку програмата на ФФМ. Настанот се одржа на стадионот во Автокоманда, а присуствуваа бројни спортски работници, претставници на клубови и локалната самоуправа.

Градоначалникот на Гази Баба, Бобан Стефковски, изрази длабока благодарност до претседателот на ФФМ, Масар Омерагиќ, за неговата визија и доследна поддршка на локалните заедници и фудбалски сојузи. Во знак на признание за неговиот придонес, Омерагиќ доби и почесна плакета од општината.
„Неговата посветеност веќе се препознава низ сите општински сојузи. Благодарност и до претседателот на ОФС Гази Баба, Дарко Костовски, кој со ентузијазам и искрена љубов кон спортот придонесува за развојот на фудбалот на локално ниво,“ истакна Стефковски.

Претседателот на ФФМ, Масар Омерагиќ, уште еднаш потврди дека федерацијата ќе биде постојана поддршка на клубовите низ цела Македонија:
„Нашата цел е јасна – создавање подобри услови за најмладите, промоција на вистински спортски вредности и поддршка на секој клуб, без разлика на неговата големина.“

Дарко Костовски, претседател на ОФС Гази Баба, не го криеше задоволството од настанот и ја нагласи новата енергија која се чувствува во локалниот фудбал:
„Оваа акција е силен показател за нашата визија: развој на младите, унапредување на инфраструктурата и поддршка на спортските работници. Ќе продолжиме со уште поголема енергија, посветеност и обединетост.“
Настанот во Автокоманда претставува уште една потврда дека вистинските инвестиции во младинскиот спорт се темел за здрава иднина на македонскиот фудбал.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Италија доживеа дебакл во Осло

Евро-фудбал
Меси го напушта Интер Мајами
