Најтрофејниот македонски клуб Вардар започна со реконструкција на тимот и веќе потврди разделба со петмина фудбалери. Во новата сезона „црвено-црните“ нема да сметаат на Јасмин Мециновиќ, Николче Шаркоски, Александар Ѓурковски, Џибрил Дианеси и Михал Пинтер.
Покрај тоа, клубот објави дека се во тек разговори за продолжување на соработката со голманот Методија Велковски и дефанзивецот Ненад Мишковски. Во меѓувреме, Вардар ја стави на трансфер листа долгогодишната „единица“ Филип Гачевски, кој може да си замине без отштета. Гачевски беше дел од клубот од 2015 година, со кратка пауза од две сезони.
Како дел од новите потези, Вардар потпиша четиригодишен договор со 20-годишниот голман на Тетекс, Илир Зибери, кој ќе му конкурира на Давор Талески за стартната позиција меѓу стативите.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













