Connect with us

МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР НА СЕЗОНАТА: Горан Станиќ (Работнички)

Кројачот е многу важен, ама мора да се гледа и од каков „штоф“ успеал мајсторот кројач да го направи убавиот костум. Горан Станиќ тука е за чекор пред сите останати тренери во Првата лига. Ретко кој мислеше дека Работнички ќе успее да биде во водечката тројка во шампионатот на Македонија, на почетокот на сезоната.

Станиќ успеа да изгради тим, каде поединецот не е важен сам за себе, туку максимално е подреден на колективот. Во една таква поставеност во преден план излегоа Али Регба, кој беше убедливо најдобар играч на првата полуетапа од Првата лига, и Атдхе Мазари, во тимот на Работнички.

Станиќ на полусезоната остана без двајцата најистакнати поединци, кои заминаа во странство, во Марибор и во Вараждин, но и без нив успеа повторно да го намести мозаикот и да го одведе Работнички во Европа по седум години.

Некој ќе каже најважни се пехарите. Но, сепак, за нас најважно е од каков „штоф“ ќе излезе убавиот костум.

МАКФУДБАЛ го избра Горан Станиќ за ТРЕНЕР НА СЕЗОНАТА во Првата лига. Тој го предводи МАКФУДБАЛ ТИМОТ НА СЕЗОНАТА.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови