Претседателот на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ), Масaр Омерагиќ, на денешниот брифинг откри и зошто Првата македонска фудбалска лига (ПМФЛ) од сезоната 2026/27 ќе брои 10 екипи, наместо сегашните 12.
„Причината за кратењето на лигата не се отстапувањата, туку за да нема преголема разлика меѓу квалитетот на клубовите. Размислуваме и за четирикружен систем, ама сè уште се работи на таа тематика“, изјави Омерагиќ.
Целта на оваа промена, според челните лица на ФФМ, е подобрување на конкурентноста и квалитетот на лигата.
Дополнително, Омерагиќ најави и потенцијални промени во системот на Втората лига (ВМФЛ):
„Размислуваме првиот тим од ВМФЛ директно да обезбеди пласман во ПМФЛ, додека уште две екипи би играле бараж. Разликата би била што од второ до осмо место би се играл плеј-оф за тие две позиции во баражот“, појасни тој.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













