Connect with us

Илчо Ѓорѓиоски поднесе оставка, Струга Трим Лум ја прифати

Македонскиот прволигаш Струга Трим Лум и тренерот Илчо Ѓорѓиоски се одлучија за разделба по завршувањето на сезоната 2024/25. По взаемни разговори и размислувања околу идната насока на тимот, двете страни се согласија дека овој момент е соодветен за промена.

„Ѓорѓиоски беше тој што ја понуди својата оставка, а истата беше прифатена од раководството на Струга Трим Лум, кое му се заблагодарува на стратегот од Скопје за неговиот професионализам и посветеност во целиот период поминат во нашиот клуб.
Клубот го почитува овој чекор и смета дека е време за нов почеток и нов циклус.
Во оваа пригода му се заблагодаруваме на Илчо Ѓорѓиоски и му посакуваме многу успех во неговата понатамошна кариера“, се вели во соопштението на Струга Трим Лум.

Илчо Ѓорѓиоски околу два месеци во финишот на сезоната беше на клупата на Струга ТЛ.

„Благодарност до раководството, техничкиот штаб, фудбалерите и целиот персонал за соработката што ја имавме во изминатиот период. Кога го презедов водството на тимот, верував дека ќе се квалификуваме во европските натпреварувања и бевме на прагот на остварување на таа цел, но за жал не успеавме во последниот чекор – не го освоивме трофејот во финалето на Купот на Македонија.

Поради овој факт, поднесувам оставка од позицијата шеф на стручниот штаб на клубот, со искрени желби за многу среќа и успех на Струга Трим Лум во иднина. Посакувам клубот да ги оствари своите амбиции, затоа што ги заслужува – поради поддржувачите и навивачите кои се секогаш со него“, изјави Илчо Ѓорѓиоски.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови