
Фудбалскиот клуб Беса продолжува само како младинска академија, односно раководството на клубот ќе го „изгасне“ сениорскиот тим. Само еден час откако Беса го загуби бараж-натпреварот за пополнување на Првата лига, оваа одлука делува шокантно. Но, релиси идентична одлука своевремено донесе и раководството на Ренова.
„По долг период на посветеност, пожртвуваност и љубов кон нашиот сакан клуб, сопствениците на Беса 1976 ја донесоа тешката одлука да се повлечат од водството на сениорскиот тим.
Од денес, клубот повеќе нема да се натпреварува во Втората лига на Македонија.
Целото внимание и енергија ќе бидат насочени исклучиво кон развојот на младинската академија.
Упатуваме длабока благодарност до сите играчи и тренери кои беа дел од овој пат. Во овој момент на разделба, чувствуваме обврска – и искрена желба – да им се заблагодариме од срце на сите навивачи кои беа со нас и во добри и во тешки времиња, на секој играч што со гордост го носеше дресот, на сите тренери и членови на техничкиот штаб, соработници, спонзори, и секој поединец кој придонесе, без разлика дали неговиот придонес бил голем или мал.
Вашата поддршка значеше сè за нас“, објавија од Беса.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Силекс имаат максимален ефект по четири кола, Вардар очекувано го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум најави дека ќе се врати посилна оваа сезона и засега тој...
Автор makfudbal

Млади репрезентации
Италија и со играч помалку славеше против Македонија во Битола

Евро-фудбал
Анге Постекоглу е нов менаџер на Нотингем Форест

Млади репрезентации
Спектакл во Битола: Младите фудбалери на мегдан со Италија

Интернационалци
Марко Ѓорѓиевски го напушта Клуж и се сели во Херманштат

Втора лига
Втора МФЛ: Брегалница го декласира Тетекс
