Неверојатен пресврт на сцената во македонскиот фудбал. Второлигашот од Куманово, Башкими, направи вистинска сензација совладувајќи ја Беса со 2-0 во бараж-дуелот за пласман во Првата лига. Иако малкумина веруваа во нив, второлигашот покажа срце, стратегија и беспрекорна дисциплина кога беше најпотребно.
Во меч каде што се броеше секоја грешка, Башкими настапи како искусна и зрела екипа. Со цврста дефанзива и брзи контри, го неутрализира досегашниот прволигаш од Добри Дол.
Првиот удар го зададе Хебиб Саити во 37. минута – со спринт низ одбраната на Беса и прецизен удар што го остави Силјановски без шанса.
И кога Беса се обидуваше да израмни, нов шок следеше во 80. минута. Филип Алексовски, по уште една молскавична контра, стави печат на натпреварот и ја запечати судбината на противникот.
Со овој триумф, Башкими се искачи во фудбалската елита на Македонија, додека Беса, по разочарувачкиот крај на сезоната, се враќа во Втората лига. Сезоната е завршена, а Башкими ја почнува својата нова приказна меѓу најдобрите. Сепак, ќе треба да ја сочекаме и одлуката на Дисциплинската комисија на ФФМ, околу спорниот меч Кожуф – Башкими.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













