
Последниот патник во Првата македонска фудбалска лига ќе биде познат денес, кога на неутрален терен во Кавадарци ќе се одигра бараж дуелот помеѓу Беса 1976 од Добридол и Башкими од Куманово. Натпреварот започнува во 17 часот и носи огромен влог – опстанок или влез во македонската фудбалска елита.
Беса ќе се обиде да го одбрани својот прволигашки статус по компликувана сезона, но со тим составен од искусни и квалитетни играчи, важи за благ фаворит. Добридолци имаат стабилен играчки кадар, оформен за настап во елитата, што им дава психолошка предност.
Од друга страна, Башкими е силно мотивиран. Кумановци беа меѓу најдобрите екипи во Втората лига и покажаа зрелост и амбиција за повраток во Првата лига. Сепак, сенка врз крајот на нивната сезона фрли спорниот меч со Кожуф, по кој клубот сè уште ја чека одлуката на Дисциплинската комисија на ФФМ.
Првично, дуелот требаше да се одигра на стадионот „Чаир“ во Скопје, но по безбедносна проценка и во соработка со МВР, донесена е одлука средбата да се пресели на Градскиот стадион во Кавадарци.
Ова е втор бараж натпревар кој се игра во овој град, откако вчера Шкендија Арачиново го совлада Осогово со 2-1 и избори место во Втората лига. Прашање е дали теренот ќе го издржи овој товар, со оглед и на врнежливите денови.
Фудбалската јавност со нетрпение ја очекува пресметката со голем влог – дали Беса ќе го задржи елитниот статус или Башкими ќе направи чекор напред и ќе се приклучи во Првата лига.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Силекс имаат максимален ефект по четири кола, Вардар очекувано го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум најави дека ќе се врати посилна оваа сезона и засега тој...
Автор makfudbal

Млади репрезентации
Италија и со играч помалку славеше против Македонија во Битола

Евро-фудбал
Анге Постекоглу е нов менаџер на Нотингем Форест

Млади репрезентации
Спектакл во Битола: Младите фудбалери на мегдан со Италија

Интернационалци
Марко Ѓорѓиевски го напушта Клуж и се сели во Херманштат

Втора лига
Втора МФЛ: Брегалница го декласира Тетекс
