По барање на МВР, поради обезбедување на безбедност за актерите, ФФМ повторно го премести бараж натпреварот за пополнување на Првата лига од Чаир, во Кавадарци.
Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) информира дека, согласно денешното известување и барање од страна на Министерството за внатрешни работи, како и по итниот состанок кој се одржа меѓу претставници на ФФМ и МВР, донесена е одлука за промена на локацијата на бараж натпреварот за пласман во Прва МФЛ.
Натпреварот ФК Беса 1976 – ФК Башкими 1947 ќе се одигра на 25. мај (недела) со почеток во 17 часот на Градскиот стадион во Кавадарци.
Оваа одлука е донесена со цел натпреварот да се организира во услови, во согласност со проценките на безбедносните органи.
ФФМ изразува благодарност за соработката со Министерството за внатрешни работи и ги повикува сите навивачи на фер и спортско навивање.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













